“Адвокатско друштво Димитровски”
Во 1996 година е отворена адвокатската канцеларија Димитровски со адвокат Корнелија Димитровска. Од 1997 година како адвокат во канцеларијата започнува да работи и Антонијо Димитровски. Просториите на канцеларијата …
Услуги
Адвокатско друштво Димитровски застапува голем број на правни и физички лица во сите сфери на правото. Во нашиот тим имаме специјализирани адвокати за кривично право, граѓанско право, трговско право, административно право. Во рамките на нашето работење нудиме консултативни услуги за нашите клиенти, редовни состаноци со клиентите, присуство на состаноци со деловни соработници на клиентите, присуство при инспекциски надзори, советодавни услуги при склучување на секаков вид договори.
Клиенти
Во текот на своето работење Адвокатско друштво „Димитровски“ има стекнато голем број на долгогодишни клиенти од разни области…
Тим од адвокати
Антонијо Димитровски
Основач
Роден е во Битола на 02.03.1949 година, сопруг и татко на два полнолетни сина. Основно училиште и средно економско училиште заврши во Битола. Правен факултет заврши во Скопје, а правосуден испит положи во Скопје.
Корнелија Димитровски
Основач
Корнелија Димитровска е родена на 15.07.1955 година во Битола. Средно образование завршила во гимназијата „Таки Даскало“ во Битола. Дипломирала на Правниот факултет во Битола во 1978-ма година, како првенец на генерацијата.
Никола Димитровски
Адвокат
Никола Димитровски е роден на 19.01.1983 година во Битола. Средно образование завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Дипломирал на државниот правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2006-та година. Правосудниот испит го положи во октомври 2008-ма, година.
Дарко Јанкуловски
Адвокат
Дарко Јанкуловски е роден на 18.09.1987 година во Битола, каде го завршил основното и средното образование. Во 2006-тата година се запиша на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје каде во 2009-тата година го заврши додипломскиот циклус на правни студии.
Симона Дрогишки
Адвокат
Симона Дрогришки е родена на 09.09.1994 година во Битола. Средно образование завршила во СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито” Битола. Во 2013-тата година се запиша на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, каде во 2016 година го заврши додипломскот циклус на правни студии.