Адвокатско друштво Димитровски застапува голем број на правни и физички лица во сите сфери на правото. Во нашиот тим имаме специјализирани адвокати за кривично право, граѓанско право, трговско право, административно право. Во рамките на нашето работење нудиме консултативни услуги за нашите клиенти, редовни состаноци со клиентите, присуство на состаноци со деловни соработници на клиентите, присуство при инспекциски надзори, советодавни услуги при склучување на секаков вид договори
Покрај редовните застапувања при кривични предмети, прекршочни предмети, граѓански предмети, трговски предмети, управни предмети, исто така овластени сме за вршење на основање, секаков вид на промени и бришења на трговски друштва во Централен регистар на РМ. Нашиот делокруг на работа опфаќа и услуги и застапување во Агенцијата за вработување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности, сите Министерства во Македонија, како и услуги во странство преку наши деловни партнери.
Во рамките на Адвокатското друштво Димитровски имаме и адвокати кои се овластени застапници пред Заводот за индустриска сопственост, односно овластени сме да водиме постапки за заштита на трговски марки, патенти, индустриски дизајн, географски ознаки и топографија на интегрални кола.