Во 1996 година е отворена адвокатската канцеларија Димитровски со адвокат Корнелија Димитровска. Од 1997 година како адвокат во канцеларијата започнува да работи и Антонијо Димитровски. Просториите на канцеларијата во тој период биле во старата битолска чаршија на ул.„Александар Турунџев“ бр. 35.
Адвокатската канцеларија Димитровски во периодот од 1999 до 2003 година имаше отворено свои простории и во Кичево, каде како адвокатски приправник а подоцна и адвокат работеше сегашниот претседател на Основниот суд Кичево Баки Алили. Во 2006 година, како приправници во адвокатската канцеларија се вработуваат Борче Димитровски и Никола Димитровски. И двајцата станаа адвокати во јануари 2009 година а во 2010 година, заедно со Антонијо и Корнелија Димитровски го основаат адвокатското друштво Димитровски со седиште на ул.Рузвелтова бр. 17. Борче Димитровски од јули 2010 се вработи како директор во НУ Центар за култура Битола, каде работеше до јули 2017-та година, кога повторно ја активираше адвокатската лиценца.
Во период од 2008 до 2009 година како приправник во адвокатската канцеларија работеше Николина Радевска, а подоцна во периодот од 2012 до 2015 година како приправник во адвокатското друштво работеше и Петар Бакиевски. Во периодот од 2014 до 2016 година, како приправник во друштвото работеше и Марија Филиповска.
Од 01.10.2014 година како адвокат во адвокатското друштво работи Дарко Јанкуловски. Од февруари 2016 година до август 2019-та во друштвото како адвокатски приправник, а подоцна и адвокат работеше Марија Тодоровска.
Моментално во адвокатското друштво Димитровски работат 4 адвокати: Никола Димитровски, Дарко Јанкуловски, Симона Дрогришки и Христина Тоневска
Запознајте ги нашите адвокати
Антонијо Димитровски
Основач
Роден е во Битола на 02.03.1949 година, сопруг и татко на два полнолетни сина. Основно училиште и средно економско училиште заврши во Битола. Правен факултет заврши во Скопје, а правосуден испит положи во Скопје.
Корнелија Димитровски
Основач
Корнелија Димитровска е родена на 15.07.1955 година во Битола. Средно образование завршила во гимназијата „Таки Даскало“ во Битола. Дипломирала на Правниот факултет во Битола во 1978-ма година, како првенец на генерацијата.
Никола Димитровски
Адвокат
Никола Димитровски е роден на 19.01.1983 година во Битола. Средно образование завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Дипломирал на државниот правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2006-та година. Правосудниот испит го положи во октомври 2008-ма, година.
Дарко Јанкуловски
Адвокат
Дарко Јанкуловски е роден на 18.09.1987 година во Битола, каде го завршил основното и средното образование. Во 2006-тата година се запиша на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје каде во 2009-тата година го заврши додипломскиот циклус на правни студии.
Симона Дрогишки
Адвокат
Симона Дрогришки е родена на 09.09.1994 година во Битола. Средно образование завршила во СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито” Битола. Во 2013-тата година се запиша на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, каде во 2016 година го заврши додипломскот циклус на правни студии.